метропола

Почувствуван земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, после полноќ на 04.05.2024 година во 01 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML1.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени...

Нема да се наплаќа паркирањето во Центар за време на Велигденските празници, извести ПОЦ

Паркирањето во oпштина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05.(петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи...

Македонија

Пендаровски: Граѓаните да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда, ако ВМРО-ДПМНЕ се дограба до власт последиците може да се непоправливи

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Скопје го одржа завршниот митинг во рамки на претседателската кампања и притоа истакна дека е сигурен дека на 8 мај, ќе се извојува двојна победа, како што рече: „не за нас, за сите вас“. Тој ги повика скопјани, но и сите граѓани на Македонија да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда бидејќи ако се дограба ВМРО-ДПМНЕ до власт, последиците можат да...

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА. – Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот...

Балкан

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој беше Јосип Броз Тито? Роден е во големо селско семејство во Кумровец, северозападно од Загреб. Татко му бил Хрват, а мајка му Словенка, а Јосип Броз бил седмо од петнаесетте деца. Неговото семејство имало долга историја во Загорје, првото спомнување на семејството датира од 16 век. По завршувањето на четиригодишното државно училиште...

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми. Засега нема извештаи за...

Глобус

Русија и’ се закани на Велика Британија

Русија за прв пат официјално и се закани на Британија со напади на нејзина територија. „Доколку Украина ги користи ракетите доставени од Велика Британија за да ја нападне Русија, тоа може да резултира со руски напади врз воени цели во Велика Британија и надвор од Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Британскиот амбасадор Најџел Кејси беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на официјална протестна нота откако британскиот министер...

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Кинезите го слават возачот на камион кој го паркирал своето возило преку автопат за да спречи повеќе возила да не се стркалаат по падината по уривањето на автопат. Најмалку 48 лица загинаа во несреќата на југот на земјата. Ванг Ксијангнан...

Урбани Приказни

79 години МНТ е миг што трае

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари, е мошне значаен ден. Во тогашната 1945 година, со решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. Се заокружи она што го почнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици. Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните македонски театарски...

Нацоски: Трпчески на нозе го крена Милано

Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил кренат на нозе. „Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩“, напиша Нацоски...

Фото